Jump to content

User:Ckundtz/sandbox

From Wikipedia, the free encyclopedia
Ckundtz/sandbox

Хипертензија или висок крвен притисок, а понекогаш и артериска хипертензија, е хронична медицинска состојба во која крвниот притисок во артериите е покачен. Поради ова покачување на притисокот срцето треба да работи понапорно за крвта да може да циркулира низ крвните садови. Крвниот притисок има две вредности, систолен и дијастолен притисок, кои зависат од тоа дали срцето е контрахирано (систола) или релаксирано (дијастола). Нормален крвен притисок во мирување е од 100–140 mmHg кај систоличниот (високиот) и 60–90 mmHg кај дијастоличниот (нискиот). Постои присуство на висок крвен притисок доколку притисокот е постојано 140/90 mmHg или повеќе.

Хипертензијата е класифицирана како примарна (есенцијална) хипертензија или секундарна хипертензија. Околу 90–95% од случаите се категоризирани како "примарна хипертензија", што значи висок крвен притисок без очигледна медицинска причина.[1] Други состојби кои влијаат на бубрезите, артериите, срцето, или ендокриниот систем се причина за останатите 5–10% од случаите (секундарна хипертензија).

Хипертензијата е главен ризичен фактор за мозочен удар, миокардијален инфаркт (срцев удар), срцева слабост, аневризма на артериите (на пр., аневризма на аортата), периферна артериска болест, и е причина за хронична бубрежна болест. Дури и умерено зголемување на артерискиот крвен притисок се поврзува со скратен животен век. Промени во исхраната и начинот на живот можат да ја подобрат контролата на крвниот притисок и да го намалат ризикот од поврзани здравствени компликации. Но, за луѓе кај кои промените во начинот на живот се неефикасни или недоволни потребен е медикаметозен третман.

Класификација

[edit]
Classification (JNC7)[2] Систолен притисок Дијастолен притисок
mmHg kPa mmHg kPa
Нормален 90–119 12–15.9 60–79 8.0–10.5
Прехипертензија 120–139 16.0–18.5 80–89 10.7–11.9
Хипертензија од прв степен 140–159 18.7–21.2 90–99 12.0–13.2
Хипертензија од втор степен ≥160 ≥21.3 ≥100 ≥13.3
Изолирана систолна
хипертензија
≥140 ≥18.7 <90 <12.0

Возрасни

[edit]

Кај лицата на возраст од 18 години или постари, хипертензијата се дефинира како систолен и/или дијастолен притисок кој постојано е повисок од прифатената нормална вредност (моментално 139 mmHg систолен, 89 mmHg дијастолен: види табела — Класификација (JNC7)). Доколку вредностите се добиени од 24 часовен или амбулаторен мониторинг, прагот се снижува (135 mmHg систолен или 85 mmHg дијастолен).[3] Исто така неодамна се создадени меѓународни упатсва кои создадоа категории под опсегот на хипертензија за да укажат на континуум на ризик со висок крвен притисок во границите на нормалниот. Во JNC7 (2003)[2] се употребува терминот прехипертензија за крвен притисок во рамките од 120–139 mmHg систолен и/или 80–89 mmHg дијастолен, од друга страна ESH-ESC Упатствата (2007)[4] и BHS IV (2004)[5] ги употребуваат категориите: оптимален, нормален и високо-нормален за да ги поделат притисоците кои се пониски од 140 mmHg систолен и 90 mmHg дијастолен. Хипертензијата исто така е подкласифицирана овака: JNC7 има хипертензија од прв степен, хипертензија од втор степен, и изолирана систолна хипертензија. Изолирана систолна хипертензија се однесува на покачен систолен притисок со нормален дијастолен притисок, ова е вообичаено кај постарите лица. [2] ESH-ESC Упатствата (2007)[4] and BHS IV (2004),[5] одредуваат хипертензија од трет степен кај лица со систолен крвен притисок повисок од 179 mmHg или дијастолен притисок над 109 mmHg. Хипертезијата се класифицира како "резистентна" доколку медикаменти не го намалат притисокот до нормално ниво.[2]

Новороденчиња и бебиња

[edit]

Хипертензијата кај новороденчиња е ретка и се јавува кај околу 0.2 to 3% од новородените. Крвниот притисок не се мери рутински кај здрави новороденчиња.[6] Хипертензијата е позастапена кај високо-ризични новороденчиња. Различни фактори, како на пример гестациска возраст, постконцепциска возраст, и родилна тежина треба да се земат во предвид кога се одлучува дали крвниот притисок е нормален кај новороденчето. [6]


Деца и адолесценти

[edit]

Хипертензијата се јавува релативно често кај деца и адолесценти (2–9% зависно од возраст, пол и етничка припадност)[7] and is associated with long-term risks of ill-health.[8] Сега е препорачливо да се проверува крвниот притисок на деца постари од 3 години секојпат кога имаат систематски преглед или проверка, но висок крвен притисок треба да се потврди на повторни прегледи пред да се карактеризира дека детето има хипертензија.[8] Крвниот присок се повишува со возраста во детството и, кај деца, хипертензија се дефинира како просечен систолен или дијастолен притисок од три или повеќе мерења кој поголем или еднаков на 95 перцентил за возраста, полот или висината на детето. Прехипертензија кај деца се дефинира како просечен систолен или дијастолен крвен притисок кој е поголем или еднаков на 90 перцентил, но помал од 95 перцентил. [8] Кај адолесценти, се предложува хипертезијата и прехипертензијата да се дијагностицираат и класифицираат со исти критериуми како кај возрасни. [8]

Знаци и симптоми

[edit]

Ретко кога хипертензијата покажува било какви симптоми, и обично се идентификува преку скрининг, или кога се бара грижа за неповрзан здравствен проблем. Некои луѓе со висок крвен притисок се жалат од главоболка (посебно во задниот дел на главата и наутро), како и зашеметеност, вртоглавица, тинитус (ѕвонење или зуење во ушите), прометен вид или несвестица.[9]

На физикален преглед, се претпоставува дека постои хипертензија кога има откриено хипертензивна ретинопатија при испитување на оптичкиот фундус во задниот дел на окото со помош на офталмоскопија.[10] Вообичаено, тежината на хипертензивната ретинопатија се рангира од I–IV, иако е тешко да се разликуваат полесните разликуваат. [10] Офталмоскопските наоди исто така може да укажат колку долго лицето имало хипертензија.[9]

Секундарна Хипертензија

[edit]

Некои додатни знаци и симптоми може да сугерираат на секундарна хипертензија, која е хипертезија предизвикана од препознатливи причини како што се бубрежни болести или ендокрини болести. На пример, дебелина на градите и абдоменот, гликозна интолеранција, задебелено лице, задебелување во тилот и модри стрии укажуваат на Кушингов синдром.[11] Тироидната болест и акромегалијата исто така можат да предизвикаат хипертензија и да имаат карактеристични симптоми и знаци. [11] Абдоминалем шум може да индицира бубрежна стеноза (стеснување на бубрежните артерии). Доколку крвниот притисок во нозете е намален или пулсот во феморалната артерија е одложен или одсутен може да е индикација за Коарктација на аортата (стеснување на аортата). Доколку има хипертензија којашто варира, главоболка, палпитации, бледило и потење би требало да се сомневаме феохромоцитом.[11]

Хипертензивна криза

[edit]

Сериозно покачен крвен притисок (еднаков или поголем од – систолен 180 или дијастолен 110, понекогаш се нарекува и малигна) се нарекува "хипертензивна криза." Крвен притисок кој е повисок од овие граници укажува на висок ризик од компликации. Луѓе со крвен притисок во овие граници може да немаат никакви симптоми, но се со поголема веројатност да пријават главоболки (22% од случаите) [12] и вртоглавица од општата популација. ref name=Fisher2005/> Други симптоми на хипертензивна криза може да бидат влошување на видот или гушење поради срцева слабост или општо чувство на малаксаност поради ренална инсуфициенција. [11] Се знае дека повеќето луѓе со хипертензивна криза имаат покачен крвен притисок, но до нејзин ненадеен пораст може да дојде и од други причинители. [13]

"Mалигна хипертензија" се јавува кога постои доказ за директно оштетување на еден или повеќе органи како резултат на сериозно покачен крвен притисок. Оваа штета може да биде хипертензивна енцефалопатија, предизвикана од отекување на мозокот и дисфункција, и се карактеризира со главоболки и изменето ниво на свест (збунетост или поспаност). Ретинален папилоедем и фундални хеморагии и ексудат се уште еден знак за оштетување на целните органи. Градна болка може да укаже на оштетување на срцевиот мускул (што може да доведе до миокарден инфаркт) или понекогаш аортна дисекција, кинење на внатрешниот ѕид на аорта. Отежнато дишење, кашлица и искашлување на окрвавен секрет се карактеристични знаци на белодробен едем. Оваа состојба е отекување на ткивото на белите дробови поради слабост на левата комора, неспособност на левата комора на срцето соодветно да пумпа крв од белите дробови во артерискиот систем. [13] Може да дојде и до брзо влошување на функцијата на бубрезите (акутна бубрежна повреда) и микроангиопатска хемолитична анемија (уништување на крвни клетки.[13] Во овие ситуации, задолжително е брзо намалување на крвниот притисок за да се запре тековното оштетување на органите.[13] Во спротивно, не е евидентирано дека крвниот притисок треба да се спушти брзо кај малигни хипертензии каде што не постои доказ за оштетување на целните органи. Агресивното намалување на крвниот притисок носи свои ризици.[11] Се препорачува употреба на орални лекови за постепено намалување на крвниот притисок во текот на 24 до 48 часа кај малигна хипертензија.[13]

Лекарства

[edit]

За лекување на хипертензија достапни се неколку категории на лекарства, со заедничко име наречени антихипертензивни лекарства. Кога се препишуваат лекарствата, се зема во предвид кардиоваскуларниот ризик на лицето, (вклучувајќи го ризикот од инфаркт на миокардот и мозочен удар) и резултатите од мрењето на крвниот притисок.[14] Ако се иницира третман со лекарства,Седмиот заеднички национален комитет за висок крвен притисок на Националниот институт за срце, бели дробови и крв [15] препорачува лекарот да го следи дејството на третманот и да процени какви било несакани реакции кои произлегуваат од лекарството. Намалувањето на крвниот притисокза 5 mmHg може да го намали ризикот од удар за 34 % и ризикот од исхемична срцева болест за 21%.Намалувањето на крвниот притисок исто така може да ја намали веројатноста за деменција,срцева слабост и смртност од кардиоваскуларна болест.[16] Целта на третманот е да се намали крвниот притисок на помалку од 140/90 mmHg кај најголем број од лицата, а кај лицата со дијабет или болест на бубрезите да се намали крвниот притисок. Некои медицински стручњаци препорачуваат да се одржуваат нивоата на притисок под 120/80 mmHg.[14][17] If the blood pressure goal is not met, more treatment is needed.[18]

Препораките за изборот на лекарства, и како најдобро да се определи третман за различни подгрупи се менуваат со тек на време и се разликуваат од една до друга земја.Експертите не се согласуваат за тоа кој е најдобриот лек.[19] Кохрановата Колаборација , Светската здравствена организација и упатствата во Соединетите Американски Држави поддржуваат ниска доза на диуретик базиран на тијазид како најпрепорачлив почетен третман.[20][19] Упатствата во Велика Британија ги нагласуваат калциум канал блокаторите (ККБ )за луѓе постари од 55 години со фамилијарно потекло од Африка или Карибите. Овие упатства го препорачуваат ангиотензин конвертирачки ензим инхибитори (АКЕ) како подобар почетен третман за помлади луѓе.[21] Во Јапонија,се смета разумно да се почне со кој било од шестте групи на лекарства вклучувајќи ги: ККБ, АКЕИ/АРБ, тријазид диуретици, бета блокатори и алфа блокатори .Во Канада, како можни опции се препорачуваат сите овие лекарства со исклучок на алфа блокаторите.[19]

Комбинации на лекарства

[edit]

На многумина им е потребен повеќе од еден лек за да ја контролираат хипертензијата. Упатствата на ЗНК7[15] и упатствата на ЕЗХ-ЕЦХ [4] се залагаат за почетен третман со две лекарства кога крвниот притисок е повисок од 20 mmHg над целта за систолична вредност и повеќе од 10 mmHg над целта за дијастолична вредност. Комбинации кои се претпочитаат се ренин ангиотензин систем инхибитори и калциум канал блокатори,или ренин ангиотензин систем инхибитори и диуретици.[22] Прифатливите комбинации ги вкучуваат следните:

  • Калциум канал блокатори и диуретици
  • Бета блокатори и диуретици
  • Дихидропиридин калциум канал блокатори и бета блокатори
  • Дихидропиридин калциум канал блокатори или со верапамил или дилитиазем

Неприфатливи комбинации се следните

  • Не дихидропиридин калциум блокатори (како што се верапамил или дилитиазем) и бета блокатори
  • Двојна ренин ангиотензин систем блокада пр. ангиотенсин конвертирачки ензим инхибитор + ангиотензин рецептор блокатор
  • Ренин ангиотензин систем блокатори и бета блокатори
  • Бета блокатори и анти адренергични лекарства.[22]

Секогаш кога е можно,избегнувајте комбинирање на АКЕ инхибитор или ангиотензин 2 рецептор антагонист, диуретик и НАИЛ (вклучително и селективен КОКС -2 инхибитори и лекарства кои се издаваат без рецепт како ибупрофен), бидејќи има висок ризик од акутна ренална слабост. Колоквијално во австралиската здравствена литература, комбинацијата е позната како ,,троен вами”.[23] Достапни се и таблети што содржат фиксни комбинации на двете класи на лекарства. Иако се погодни, тие најдобро делуваат на луѓе кај кои има утврдени индивидуални поединечни компоненти.[24]

Постари лица

[edit]

Лекувањето на умерена и изразена хипертензија ја намалува стапката на смртност и кардиоваскуларните нус појави кај луѓето на возраст од 60 год и постари.[25] Кај луѓе постари од 80 години лекувањето не покажува значително намалување на вкупната стапка на смртност, но го намалува ризикот од срцева болест .[25] Препорачана цел за крвниот притисок е да биде понизок од 140/90 mm Hg со тиазид диуретици што се претпочитаат во Америка.[26] Во ревидираните упатства на Велика Британија, калциум канал блокаторите се третман кој се претпочита за постигнување на целни вредности пониски од 150/90 mmHg кај клинички мерења, или вредности пониски од 145/85 mmHg на апарат за мерење што го носи пациентот или во услови на домашен мониторинг.[21]

Резистентна хипертензија

[edit]

Резистентна хипертензија е хипертензија кога вредноста на крвниот притисок останува повисока од вредноста на очекуваната цел и покрај истовремено користење на антихипертензивни агенти кои им припаѓаат на различни антихипертензивни класи на лекарства. Упатства за лекување на резистентна хипертензија се издадени во ВБ [27]и во САД.[28]

Веројатност

[edit]

Од 2000 година скоро еден билион луѓе,или приближно 26% од возрасната популација во светот имала хипертензија.[29] Тоа е вообичаено и во развиените (333 милиони) и во неразвиените земји (639 милиони).[29] Меѓутоа, стапката значително варира во различни региони, и се движи од 3.4% (мажи) и 6.8% (жени) во рурална Индија, до 68.9% (мажи) и 72.5% (жени) во Полска.[30]

Во 1995 било проценето дека 43 милиони луѓе во САД имале хипертензија или земале лекарства против хипертензија. Оваа бројка претставува скоро 24% од возрасната популација во САД.[31]Стапката на хипертензија во Соединетите Држави се зголемуваше и достигна 29% in во 2004.[32][33] Од 2006 од хипертензија страдаат 76 милиони возразни во САД (34% од популацијата ) и афро американците имаат помеѓу највисоките стапки на хипертензија во светот со 44%.[34] Почесто се јавува кај родените американци,а помалку кај белите и американците со мексичко потекло. Стапката се зголемува како што се зголемува староста и е поголема во југоисточниот дел на Соединетите Држави.Хипертензијата е почеста кај мажите во споредба со жените (иако менопаузата создава тенденција да се намали оваа разлика) и кај оние со низок социоекономски статус.[1]

Деца

[edit]

Стапката на висок крвен притисок кај деца се зголемува.[35] Кај најголем број хипертензии во детството, особено кај преадолесцентите, таа е секундарна на накое претходно пореметување. Покрај згоеност,болеста на бубрезите е најчеста (60–70%) од случаите на хипертензија кај деца. Адолесцентите вообичаено имат примарна или основна хипертензија на која и припаѓаат 85–95% од случаите.[36]

  1. ^ a b Carretero OA, Oparil S (January 2000). "Essential hypertension. Part I: Definition and etiology". Circulation. 101 (3): 329–35. doi:10.1161/01.CIR.101.3.329. PMID 10645931.{{cite journal}}: CS1 maint: date and year (link)
  2. ^ a b c d Chobanian AV, Bakris GL, Black HR; et al. (December 2003). "Seventh report of the Joint National Committee on Prevention, Detection, Evaluation, and Treatment of High Blood Pressure". Hypertension. 42 (6): 1206–52. doi:10.1161/01.HYP.0000107251.49515.c2. PMID 14656957. {{cite journal}}: Explicit use of et al. in: |author= (help)CS1 maint: date and year (link) CS1 maint: multiple names: authors list (link)
  3. ^ National Clinical Guidance Centre (August 2011). "7 Diagnosis of Hypertension, 7.5 Link from evidence to recommendations". Hypertension (NICE CG 127) (PDF). National Institute for Health and Clinical Excellence. p. 102. Retrieved 2011-12-22.
  4. ^ a b c Mancia G, De Backer G, Dominiczak A; et al. (September 2007). "2007 ESH-ESC Practice Guidelines for the Management of Arterial Hypertension: ESH-ESC Task Force on the Management of Arterial Hypertension". J. Hypertens. 25 (9): 1751–62. doi:10.1097/HJH.0b013e3282f0580f. PMID 17762635. {{cite journal}}: Explicit use of et al. in: |author= (help)CS1 maint: date and year (link) CS1 maint: multiple names: authors list (link)
  5. ^ a b Williams B, Poulter NR, Brown MJ; et al. (March 2004). "Guidelines for management of hypertension: report of the fourth working party of the British Hypertension Society, 2004-BHS IV". J Hum Hypertens. 18 (3): 139–85. doi:10.1038/sj.jhh.1001683. PMID 14973512. S2CID 17394122. {{cite journal}}: Explicit use of et al. in: |author= (help)CS1 maint: date and year (link) CS1 maint: multiple names: authors list (link)
  6. ^ a b Dionne JM, Abitbol CL, Flynn JT (January 2012). "Hypertension in infancy: diagnosis, management and outcome". Pediatr. Nephrol. 27 (1): 17–32. doi:10.1007/s00467-010-1755-z. PMID 21258818. S2CID 10698052.{{cite journal}}: CS1 maint: date and year (link) CS1 maint: multiple names: authors list (link)
  7. ^ Din-Dzietham R, Liu Y, Bielo MV, Shamsa F (September 2007). "High blood pressure trends in children and adolescents in national surveys, 1963 to 2002". Circulation. 116 (13): 1488–96. doi:10.1161/CIRCULATIONAHA.106.683243. PMID 17846287. S2CID 15179990.{{cite journal}}: CS1 maint: date and year (link) CS1 maint: multiple names: authors list (link)
  8. ^ a b c d "The fourth report on the diagnosis, evaluation, and treatment of high blood pressure in children and adolescents". Pediatrics. 114 (2 Suppl 4th Report): 555–76. August 2004. doi:10.1542/peds.114.S2.555. hdl:2027/uc1.c095473177. PMID 15286277. S2CID 245032872.{{cite journal}}: CS1 maint: date and year (link)
  9. ^ a b Fisher ND, Williams GH (2005). "Hypertensive vascular disease". In Kasper DL, Braunwald E, Fauci AS; et al. (eds.). Harrison's Principles of Internal Medicine (16th ed.). New York, NY: McGraw-Hill. pp. 1463–81. ISBN 0-07-139140-1. {{cite book}}: Explicit use of et al. in: |editor= (help)CS1 maint: multiple names: editors list (link)
  10. ^ a b Wong T, Mitchell P (February 2007). "The eye in hypertension". Lancet. 369 (9559): 425–35. doi:10.1016/S0140-6736(07)60198-6. PMID 17276782. S2CID 28579025.{{cite journal}}: CS1 maint: date and year (link)
  11. ^ a b c d e O'Brien, Eoin; Beevers, D. G.; Lip, Gregory Y. H. (2007). ABC of hypertension. London: BMJ Books. ISBN 978-1-4051-3061-5.{{cite book}}: CS1 maint: multiple names: authors list (link)
  12. ^ Papadopoulos DP, Mourouzis I, Thomopoulos C, Makris T, Papademetriou V (December 2010). "Hypertension crisis". Blood Press. 19 (6): 328–36. doi:10.3109/08037051.2010.488052. PMID 20504242. S2CID 207471870.{{cite journal}}: CS1 maint: date and year (link) CS1 maint: multiple names: authors list (link)
  13. ^ a b c d e Marik PE, Varon J (June 2007). "Hypertensive crises: challenges and management". Chest. 131 (6): 1949–62. doi:10.1378/chest.06-2490. PMID 17565029.{{cite journal}}: CS1 maint: date and year (link)
  14. ^ a b Nelson, Mark. "Drug treatment of elevated blood pressure". Australian Prescriber (33): 108–112. Retrieved August 11, 2010.
  15. ^ a b Chobanian AV, Bakris GL, Black HR; et al. (December 2003). "Seventh report of the Joint National Committee on Prevention, Detection, Evaluation, and Treatment of High Blood Pressure". Hypertension. 42 (6): 1206–52. doi:10.1161/01.HYP.0000107251.49515.c2. PMID 14656957. {{cite journal}}: Explicit use of et al. in: |author= (help)CS1 maint: date and year (link) CS1 maint: multiple names: authors list (link)
  16. ^ Law M, Wald N, Morris J (2003). "Lowering blood pressure to prevent myocardial infarction and stroke: a new preventive strategy" (PDF). Health Technol Assess. 7 (31): 1–94. doi:10.3310/hta7310. PMID 14604498.{{cite journal}}: CS1 maint: multiple names: authors list (link)
  17. ^ Shaw, Gina (2009-03-07). "Prehypertension: Early-stage High Blood Pressure". WebMD. Retrieved 2009-07-03.
  18. ^ Eni C. Okonofua; Kit N. Simpson; Ammar Jesri; Shakaib U. Rehman; Valerie L. Durkalski; Brent M. Egan (January 23, 2006). "Therapeutic Inertia Is an Impediment to Achieving the Healthy People 2010 Blood Pressure Control Goals". Hypertension. 47 (2006, 47:345): 345–51. doi:10.1161/01.HYP.0000200702.76436.4b. PMID 16432045. S2CID 15729937. Retrieved 2009-11-22.{{cite journal}}: CS1 maint: multiple names: authors list (link)
  19. ^ a b c Klarenbach, S. W.; McAlister, F. A.; Johansen, H.; Tu, K.; Hazel, M.; Walker, R.; Zarnke, K. B.; Campbell, N. R.; Canadian Hypertension Education Program (2010 May). "Identification of factors driving differences in cost effectiveness of first-line pharmacological therapy for uncomplicated hypertension". The Canadian Journal of Cardiology. 26 (5): e158-63. doi:10.1016/s0828-282x(10)70383-4. PMC 2886561. PMID 20485695. {{cite journal}}: Check date values in: |date= (help)
  20. ^ Wright JM, Musini VM (2009). Wright, James M (ed.). "First-line drugs for hypertension". Cochrane Database Syst Rev (3): CD001841. doi:10.1002/14651858.CD001841.pub2. PMID 19588327.
  21. ^ a b National Institute Clinical Excellence (August 2011). "1.5 Initiating and monitoring antihypertensive drug treatment, including blood pressure targets". GC127 Hypertension: Clinical management of primary hypertension in adults. Retrieved 2011-12-23.
  22. ^ a b Sever PS, Messerli FH (October 2011). "Hypertension management 2011: optimal combination therapy". Eur. Heart J. 32 (20): 2499–506. doi:10.1093/eurheartj/ehr177. PMID 21697169.{{cite journal}}: CS1 maint: date and year (link)
  23. ^ Cite error: The named reference npsppr was invoked but never defined (see the help page).
  24. ^ "2.5.5.1 Angiotensin-converting enzyme inhibitors". British National Formulary. Vol. No. 62. September 2011. Retrieved 2011-12-22. {{cite book}}: |volume= has extra text (help)
  25. ^ a b Musini VM, Tejani AM, Bassett K, Wright JM (2009). Musini, Vijaya M (ed.). "Pharmacotherapy for hypertension in the elderly". Cochrane Database Syst Rev (4): CD000028. doi:10.1002/14651858.CD000028.pub2. PMID 19821263.{{cite journal}}: CS1 maint: multiple names: authors list (link)
  26. ^ Aronow WS, Fleg JL, Pepine CJ; et al. (May 2011). "ACCF/AHA 2011 expert consensus document on hypertension in the elderly: a report of the American College of Cardiology Foundation Task Force on Clinical Expert Consensus documents developed in collaboration with the American Academy of Neurology, American Geriatrics Society, American Society for Preventive Cardiology, American Society of Hypertension, American Society of Nephrology, Association of Black Cardiologists, and European Society of Hypertension". J. Am. Coll. Cardiol. 57 (20): 2037–114. doi:10.1016/j.jacc.2011.01.008. PMID 21524875. {{cite journal}}: Explicit use of et al. in: |author= (help)CS1 maint: date and year (link) CS1 maint: multiple names: authors list (link)
  27. ^ "CG34 Hypertension - quick reference guide" (PDF). National Institute for Health and Clinical Excellence. 28 June 2006. Retrieved 2009-03-04.
  28. ^ Calhoun DA; Jones D; Textor S; et al. (June 2008). "Resistant hypertension: diagnosis, evaluation, and treatment. A scientific statement from the American Heart Association Professional Education Committee of the Council for High Blood Pressure Research". Hypertension. 51 (6): 1403–19. doi:10.1161/HYPERTENSIONAHA.108.189141. PMID 18391085. {{cite journal}}: Unknown parameter |author-separator= ignored (help)CS1 maint: date and year (link)
  29. ^ a b Kearney PM, Whelton M, Reynolds K, Muntner P, Whelton PK, He J (2005). "Global burden of hypertension: analysis of worldwide data". Lancet. 365 (9455): 217–23. doi:10.1016/S0140-6736(05)17741-1. PMID 15652604. S2CID 7244386.{{cite journal}}: CS1 maint: multiple names: authors list (link)
  30. ^ Kearney PM, Whelton M, Reynolds K, Whelton PK, He J (January 2004). "Worldwide prevalence of hypertension: a systematic review". J. Hypertens. 22 (1): 11–9. doi:10.1097/00004872-200401000-00003. PMID 15106785. S2CID 24840738.{{cite journal}}: CS1 maint: date and year (link) CS1 maint: multiple names: authors list (link)
  31. ^ Burt VL; Whelton P; Roccella EJ; et al. (March 1995). "Prevalence of hypertension in the US adult population. Results from the Third National Health and Nutrition Examination Survey, 1988–1991". Hypertension. 25 (3): 305–13. doi:10.1161/01.hyp.25.3.305. PMID 7875754. Retrieved 2009-06-05. {{cite journal}}: Unknown parameter |author-separator= ignored (help)CS1 maint: date and year (link)
  32. ^ Cite error: The named reference pmid7607734 was invoked but never defined (see the help page).
  33. ^ Ostchega Y, Dillon CF, Hughes JP, Carroll M, Yoon S (July 2007). "Trends in hypertension prevalence, awareness, treatment, and control in older U.S. adults: data from the National Health and Nutrition Examination Survey 1988 to 2004". Journal of the American Geriatrics Society. 55 (7): 1056–65. doi:10.1111/j.1532-5415.2007.01215.x. PMID 17608879. S2CID 27522876.{{cite journal}}: CS1 maint: date and year (link) CS1 maint: multiple names: authors list (link)
  34. ^ Cite error: The named reference AHA2010 was invoked but never defined (see the help page).
  35. ^ Falkner B (May 2009). "Hypertension in children and adolescents: epidemiology and natural history". Pediatr. Nephrol. 25 (7): 1219–24. doi:10.1007/s00467-009-1200-3. PMC 2874036. PMID 19421783.{{cite journal}}: CS1 maint: date and year (link)
  36. ^ Luma GB, Spiotta RT (May 2006). "Hypertension in children and adolescents". Am Fam Physician. 73 (9): 1558–68. PMID 16719248.{{cite journal}}: CS1 maint: date and year (link)